РЕМИЈА НА ВРВОТ Скудетото останува отворено до последното коло“

Последното коло носи вистинска неизвесност - борбата за Скудетото, Лигата на шампионите и Лигата на Европа сè уште е отворена, а страстите само што почнуваат да зовриваат.

РЕМИЈА НА ВРВОТ Скудетото останува отворено до последното коло“

Возбудлива вечер во Серија А донесе вистинска драма во битката за Скудетото и местата кои водат во европските натпреварувања. Во претпоследното коло, иако надежите беа големи, ништо не се промени на врвот по реми натпреварите на Интер и Наполи.

Интер ремизираше со 2-2 против Лацио на „Џузепе Меаца“, во натпревар во кој неколку пати се менуваше резултатот. Бисек ја донесе предноста за „Нераѕурите“ во судиското продолжение од првиот дел, но Педро во 72. минута израмни. Дамфрис десет минути подоцна погоди за 2-1, но истиот играч на Лацио, Педро, повторно донесе израмнување. Во последните секунди Интер постигна и трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР интервенција.

Наполи, пак, не успеа да го скрши отпорот на Парма и одигра без голови 0-0. Тимот од Неапол доби пенал, но истиот беше поништен по ВАР преглед, оставајќи го резултатот непроменет.

Најзадоволни од ваквиот развој на настаните се навивачите на Јувентус. „Старата дама“ со триумф од 2-0 над Удинезе направи крупен чекор кон осигурување на четвртата позиција која носи пласман во Лигата на шампионите. Со оглед на неконстантната форма сезонава, ваквиот исход се смета за солиден успех за тимот од Торино.

Рома, пак, под водство на Клаудио Раниери продолжи со импресивната серија и го совлада Милан со 3-1. Со оваа победа, „волчицата“ останува во игра за пласман во Лигата на Европа и во последното коло ќе се соочи во директна борба со Лацио. Римјаните ќе влезат во последниот натпревар од сезонава во „пол-позиција“ и ќе зависат само од сопствениот резултат.

Последното коло носи вистинска неизвесност – борбата за Скудетото, Лигата на шампионите и Лигата на Европа сè уште е отворена, а страстите само што почнуваат да зовриваат.

CATEGORIES
TAGS
Share This