РЕГИСТРИРАНИ 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО – 7 сè уште активни

Надлежните служби и понатаму се на терен и апелираат на внимателност кај граѓаните за да се спречат нови пожари, особено во услови на високи температури и ветер.

РЕГИСТРИРАНИ 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО – 7 сè уште активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се ставени под контрола, а 6 се целосно изгаснати.

Активни пожари:

  • Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
  • Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
  • Македонски Брод 2 (реактивиран) – меѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (дабова шума и ниска вегетација)
  • Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
  • Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
  • Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
  • Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)

Пожари под контрола:

  • Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден
  • Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци

Целосно изгаснати пожари:

  • Студеничани
  • Крушево
  • Македонски Брод (еден од пожарите)
  • Куманово
  • Липково
  • Ранковце

Надлежните служби и понатаму се на терен и апелираат на внимателност кај граѓаните за да се спречат нови пожари, особено во услови на високи температури и ветер.

CATEGORIES
Share This