РЕФОРМИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Првата и втората лига се скратува
ФФМ формираше и стручна комисија составена од Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски, која ќе изврши дополнителна анализа на системот на натпреварување.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за намалување на бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Почнувајќи од сезоната 2026/27, елитното фудбалско натпреварување ќе брои 10 екипи наместо досегашните 12.
Одлуката беше донесена на последната седница на Управниот одбор, на која беше усвоен предлогот за промена на системот на натпревари во домашниот шампионат.
Промени ќе има и во второлигашката конкуренција Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) каде што, од следната сезона, наместо 16 ќе се натпреваруваат 14 клубови.
ФФМ формираше и стручна комисија составена од Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски, која ќе изврши дополнителна анализа на системот на натпреварување.
Комисијата ќе изработи конкретни предлози за моделот на промоција и испаѓање, како и други насоки за унапредување на фудбалските лиги.


