РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СО СОЦИЈАЛЕН ФОКУС Пари за народот, здравство, општини, земјоделие, повисоки плати и субвенции

Премиерот потсети дека Владата во изминатата година исплатила над 8,6 милијарди денари за заостанати субвенции од 2021 до 2024 година.

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СО СОЦИЈАЛЕН ФОКУС Пари за народот, здравство, општини, земјоделие, повисоки плати и субвенции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе го разгледа ребалансот на Буџетот на наредната седница. Одговарајќи на прашања за прераспределбата на средствата, тој истакна дека новиот ребаланс предвидува зголемено финансирање за општините, здравствениот сектор, плати, пензии и субвенции.

„Средствата се наменети за проекти во рамки на локалната самоуправа, за повисоки плати, пензии и повеќе субвенции, особено во здравството“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека повеќе детали ќе бидат објавени по првото читање на Предлог-буџетот.

„Откако ќе се усвои Предлог-буџетот на владина седница, ќе има дополнителни објаснувања за медиумите,“ најави премиерот.

Во врска со позитивните податоци од Државниот завод за статистика, кои укажуваат на зголемен аутпут во земјоделството, Мицкоски нагласи дека со ребалансот ќе има повеќе пари за земјоделски инвестиции.

„Новите бројки покажуваат двоцифрен раст на аутпутот и минимално зголемување на трошоците – што е добар сигнал за секторот. Тоа значи повеќе пари за земјоделците,“ изјави тој.

Премиерот потсети дека Владата во изминатата година исплатила над 8,6 милијарди денари за заостанати субвенции од 2021 до 2024 година.

„Овие обврски се расчистени и сега фокусот се пренасочува кон тековната година,“ додаде Мицкоски, на настан по повод отворањето на „Македонско село“ во Скопје.

CATEGORIES
Share This