РАНО Е ЗА ПЕНЗИЈА Меси пред потпис на нов договор

Во последните недели се појавија различни шпекулации за можноста Лионел Меси да го напушти Интер Мајами, но новите информации укажуваат на спротивното. Според извори од „ЕСПН“, аргентинскиот фудбалер е на чекор до потпишување на нов договор со клубот од Флорида. Иако деталите за условите на новиот договор сè уште не се објавени, се верува дека станува збор за повеќегодишен ангажман.
Интер Мајами, кој се утврди како амбициозен клуб во МЛС лигата, сака да го задржи својот највреден играч. Меси, кој веќе постави рекорд со 62 голови и 29 асистенции во само две години, стана клучен дел од историјата на клубот. Иако Барселона се надеваше на негово враќање, тоа останува само сон, бидејќи Меси е сè повеќе задоволен од животот во САД и во Мајами.
Се чини дека фудбалската икона не планира промени во блиска иднина, а со новиот договор, Интер Мајами ќе се обиде да го задржи овој талентиран играч во своите редови.


