РАКОМЕТАРКИТЕ НЕ ИЗДРЖАА – Германија ги декласираше на домашен терен
Четврти пораз во квалификациите ја остава Македонија на работ на пласманот за ЕП.

Македонската женска ракометна репрезентација доживеа пораз на домашен терен, губејќи од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за Европското првенство.
Ова е четврта пораз за нашите ракометарки во групата, кои пред овој дуел беа третопласирани, чекајќи резултат од натпреварот Белгија – Словенија. Доколку гостинската репрезентација победи, Македонија ќе мора да ја дочека завршницата на последното коло овој викенд за да дознае дали ќе обезбеди пласман како една од четирите најдобро третопласирани селекции.
Во воведните десет минути натпреварот беше изедначен, но Германките, кои пристигнаа во Скопје со подмладен состав, направија серија од 3-0 и поведоа со 7-4. Пред крајот на првиот дел, водството на гостинките достигна 18-10. Македонската селекција, предводена од Кристијан Грчевски, успеа да ја консолидира играта и со серија од 4-1 да го намали резултатот на 19-14 на полувреме.
Во второто полувреме, македонските ракометарки двапати се доближија на негатива од четири гола, но конфузен период во играта беше искористен од Германија, која со пет последователни голови стигна до највисоката предност од 26-17.
Најефикасна во македонската селекција беше Кипријановска со шест постигнати гола. Во последното коло, Македонија ќе се соочи со Словенија на гостински терен, каде ќе се реши дали ќе обезбеди место на Европското првенство.
