ПУТИН – ТРАМП ТУНЕЛ ОД ЕВРОАЗИЈА ДО АМЕРИКА – Наместо војна на повидок ново инженерско чудо

Според него, изградбата на тунелот би чинела помалку од осум милијарди долари и би можела да биде завршена за помалку од осум години, благодарение на модерните инженерски решенија.

ПУТИН – ТРАМП ТУНЕЛ ОД ЕВРОАЗИЈА ДО АМЕРИКА – Наместо војна на повидок ново инженерско чудо
Фото: Принтскрин

Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFPI), предложи амбициозен проект за изградба на тунел под Беринговиот теснец, кој би ги поврзал Русија и Алјаска.

„Благодарение на технологиите од компанијата Boring, овој тунел би можел да стане тунелот Путин-Трамп, кој ќе ги поврзе Евроазија и Америка“, изјави Дмитриев.

Според него, изградбата на тунелот би чинела помалку од осум милијарди долари и би можела да биде завршена за помалку од осум години, благодарение на модерните инженерски решенија.

Дмитриев истакна дека проектот би имал глобален позитивен ефект:

„Ова не само што ќе ја трансформира глобалната трговија, туку ќе донесе промени на подобро на многу нивоа.“ – вели тој

Тој, исто така, го коментираше актуелниот безбедносен контекст: по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, изгледа малку веројатно САД да ги предадат ракетите „Томахавк“ на Киев.

„Не е ли подобро да се поврзат Африка и Евроазија со Америка преку тунелот Алјаска-Русија, отколку да се зголемува ризикот од Трета светска војна?“ напиша Дмитриев.

Во пресрет на средбата меѓу лидерите на Русија и САД, тој истакна дека секој обид за мир во Украина често се нарушува од „военоподбуцнувачите“ и „русофобите“ во Европа.

Дмитриев го коментираше и ставот на поранешниот шведски премиер Карл Билд, кој тврди дека Путин често користи тактики за одвлекување на вниманието кога Трамп врши сериозен притисок врз него.

Во четвртокот, Трамп и Путин го одржаа својот осми и најдолг телефонски разговор од почетокот на вториот мандат на американскиот лидер. Разговорот, според Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, се фокусирал на украинската криза.

Американскиот лидер објави дека има намера да се сретне со Путин во Будимпешта. Унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека подготовките за самитот се во тек.

CATEGORIES
TAGS
Share This