ПУТИН ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА АФРИКА Русија со нови чекори кон африканските земји, партнерство за мултиполарен свет

Денот на Африка се одбележува секоја година на 25 мај и го одбележува основањето на Организацијата на африканското единство во 1963 година, денешна Африканска унија.

ПУТИН ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНОТ НА АФРИКА Русија со нови чекори кон африканските земји, партнерство за мултиполарен свет

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до лидерите на африканските земји по повод Денот на Африка, при што најави натамошно проширување на соработката со африканските партнери.

Во својата порака, Путин изрази уверување дека мултилатералните односи меѓу Русија и африканските земји ќе продолжат да се развиваат, нагласувајќи дека овие врски се од големо значење за изградба на, како што посочи, „праведен и демократски мултиполарен светски поредок“, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Русија континуирано се залага за продлабочување на традиционално пријателските односи со африканските партнери. Тоа беше јасно демонстрирано на самитите Русија-Африка одржани во 2019 и 2023 година, кои помогнаа да се дефинираат нови области на соработка и да се зајакне координацијата во меѓународните прашања“, изјави Путин во честитката.

Денот на Африка се одбележува секоја година на 25 мај и го одбележува основањето на Организацијата на африканското единство во 1963 година, денешна Африканска унија.

CATEGORIES
Share This