ПУКНАТИНА ВО ЗНАМ – Нивен пратеник бара Бугарите да влезат во Уставот

Цеков се дистанцира од партиската линија на претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

ПУКНАТИНА ВО ЗНАМ – Нивен пратеник бара Бугарите да влезат во Уставот
Фото: Принтскрин

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, со својот став дека нема ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот, отвори јасна политичка пукнатина меѓу личното уверување и досегашната партиска линија. Во телевизиско интервју, Цеков порача дека не само што нема отпор кон уставните измени, туку и дека би гласал за нив, со што се оддалечи од ставот што го промовира претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

„Немам ништо против и да гласам за уставните промени. Лично не гледам проблем Бугарите да се внесат во Уставот и ние од тоа не губиме ништо. Исто така, имам забелешки на дел од реториката и наративот кон нашите соседи, кој сметам дека е погрешен. Треба да се пристапи преку дијалог и разговор, бидејќи тие ни се први соседи и први соработници“, изјави Цеков.

Тој додаде:

„Мојот став е малку поинаков. Доколку постојат реални пречки по идентитетски или други основи, согласно Уставот, со 81 пратеник можеме да ги стопираме. Се прашувам: која е другата алтернатива? За да има промена, преговарачката рамка треба да ја согласат сите 27 земји членки на ЕУ. Дали тоа ќе се случи? Не знам, бидејќи нашите партнери ветуваат промена, но не знам колку е изводливо. Прашањето е што правиме понатаму, особено што младите се прашуваат: до кога ќе останеме во ваква состојба?“

CATEGORIES
TAGS
Share This