ПСЖ ГО УКРАДЕ ДРО ОД НОУ КАМП – Добиваат уште еден млад талент за 8 милиони евра

Пари Сен Жермен официјално го потврди трансферот на 18-годишниот Педро Фернандез, познат како „Дро“

ПСЖ ГО УКРАДЕ ДРО ОД НОУ КАМП – Добиваат уште еден млад талент за 8 милиони евра
Фото: Принтскрин

Пари Сен Жермен уште еднаш ја покажа својата будност кон младите таленти од „Ла Масија“. Францускиот шампион денес официјално го потврди трансферот на 18-годишниот Педро Фернандез, познат како „Дро“, кој го напушта Камп Ноу во потрага по поголема минутажа.

И покрај откупната клаузула од 6 милиони евра, ПСЖ и Барселона постигнаа договор вреден околу 8 милиони евра, за да се прилагодат на шпанските правила и инфлацијата. „Дро“ потпиша долгогодишен договор со парижаните до летото 2030 година, а Барселона доби поголема сума за својот млад играч.

Младиот офанзивен играч дебитираше за првиот тим на Барса на 17-годишна возраст, но конкуренцијата во тимот ја ограничуваше неговата можност за редовно играње. Тој веќе е редовен во младинските репрезентации на Шпанија и важи за еден од најкреативните млади играчи во својата генерација. Неговата желба за првотимски фудбал го натера да ја одбие понудата на Челси и да се приклучи на проектот на Луис Енрике во Париз.

Со трансферот на „Дро“, Барселона најверојатно го завршува јануарскиот преоден рок за играчи кои го напуштаат клубот, фокусирајќи се на зачувување на јадрото на тимот. Сепак, заминувањето на уште еден производ од „Ла Масија“ сигурно ќе предизвика дебата меѓу навивачите.

CATEGORIES
Share This