ПОТВРДЕНИ СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ Граѓаните да бидат внимателни

Во Македонија првпат лабораториски се потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox). Двајца пациенти, упатени од Клиниката за кожни болести, денес биле примени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со симптоми кои укажувале на можно присуство на ова вирусно заболување.

ПОТВРДЕНИ СЛУЧАИ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ Граѓаните да бидат внимателни

Од ИЈЗ информираат дека веднаш по приемот на пациентите биле извршени лабораториски испитувања според утврдените протоколи, вклучително и тестови за мајмунски сипаници, ХИВ, сифилис и херпес. Испитувањата биле спроведени со три различни методи, по што лабораториски биле потврдени двата случаи на мајмунски сипаници.

„Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на три различни начини, со што лабораториски се потврдија два случаи на мајмунски сипаници“, соопштуваат од ИЈЗ.

По добиените резултати, веднаш биле известени сите надлежни институции, вклучувајќи го Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести и Инфективната клиника. Докторот кој ги примил пациентите ги информирал за резултатите, а епидемиолозите од ИЈЗ веднаш започнале со епидемиолошко анкетирање на заболените лица.

Анкетата е сè уште во тек, а на пациентите кај кои е потврден вирусот ќе им биде препорачано да се јават на Инфективната клиника за понатамошна медицинска грижа и надзор.

„Во моментов нема простор за паника. Брзо и навремено се преземаат сите потребни институционални мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени подетални информации“, порачуваат од Институтот за јавно здравје.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и следење на официјалните информации и препораки од здравствените власти.

CATEGORIES
TAGS
Share This