ПРВА ЕВРОПСКА ПРОЛЕТ ЗА ШКЕНДИЈА – Ждрепката ги спои со Самсунспор
Првиот меч на Шкендија е на 19 февруари, а реваншот во Турција на 26 февруари

Фото: Социјални мрежи
Македонскиот фудбалски првак, Шкендија, ќе се соочи со турскиот тим Самсунспор во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА, одлучи денешната ждрепка.
Првиот натпревар ќе се игра на домашен терен на 19 февруари, а седум дена подоцна, на 26 февруари, Шкендија ќе гостува во Турција.
Ова е прв пат Шкендија да обезбеди место во групната фаза на едно големо клупско европско натпреварување. Во групната фаза, тетовскиот тим оствари две победи, едно реми и три порази, со што собра седум бода и се пласира на 2. место во табелата, обезбедувајќи продолжување во нокаут фазата и „презимување“ во Европа.
CATEGORIES Фудбал


