ПРВ ОД МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НАСТАПИ СТАВРЕ ЈАДА – 89. место во спринт трката на ЗОИ во Милано и Кортина
Следни настапи: Ана Цветановска ќе настапи на истата делница еден ден порано, а Јада на 10 километри на 13 февруари.

Фото: Принтскрин
Најискусниот македонски олимпијец, Ставре Јада, заврши на 89. место во квалификациите на спринт трката на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јада постигна време од 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки на патеката долга 1,6 километри, заостанувајќи 52,19 секунди зад норвешкиот лидер Јоханес Хестфлот Клаебо.
Во трката учествуваа вкупно 95 натпреварувачи.
За Јада, кој ова е трет настап на Олимписки игри, следува трка на 10 километри на 13 февруари, додека ден порано на истата делница ќе настапи Ана Цветановска.
CATEGORIES Останати спортови


