(ВИДЕО) ПРОРОШТВАТА НА ЧАВЕЗ – Зошто САД ја сакаат венецуелската нафта

Поранешниот венецуелски претседател ја посочи главната причина за интересот на САД.

(ВИДЕО) ПРОРОШТВАТА НА ЧАВЕЗ – Зошто САД ја сакаат венецуелската нафта
Фото: Принтскрин

Снимка од интервју со поранешниот венецуелски претседател Уго Чавез, во која зборува за потенцијален американски напад и венецуелската нафта, се шири ширум социјалните мрежи.

„Не гледате ли каква закана претставуваат САД за нас?“ – праша Чавез во едно интервју.

Кога го прашаа зошто мисли дека САД би можеле да ја нападнат Венецуела, тој објасни:

„Погледнете ја поновата историја. Ќе ви ги кажам најважните причини. Тука имаме најголеми резерви на нафта во светот – нафта што ќе трае повеќе од 100 години. Резервите на Америка полека се исцрпуваат. Најважната причина зошто САД сакаат да ги постават своите марионети тука е венецуелската нафта.“

Чавез исто така потсети на лидерите од Јужна Америка кои биле соборени со поддршка од САД.

CATEGORIES
TAGS
Share This