ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО СОНЦЕ, ДОЖД И СНЕГ – Пообилни врнежи во западните делови
На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините се очекува нов снежен слој.

Фото: Национал
Денеска (19.02.) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во ин тервал од -2 до 13 стапени информираат од Управата за хидромеоролошки работи на Македонија.
Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


