ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Од утре следува стабилно и суво време со постудри утра

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Од утре следува стабилно и суво време со постудри утра

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе бидат локални и краткотрајни, а во текот на денот ќе престанат насекаде.
Во следните денови, до крајот на неделата, се очекува стабилно и суво време, со пониски утрински температури и повеќе сончеви периоди.

CATEGORIES
Share This