ПРОМЕНЛИВО И СТУДЕНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ – Попладне стабилизација
Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Фото: Национал
Времето денеска (03.10.) ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи во интервал од -3 до +11 степени. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


