ПРОМЕНА БЕЗ ВРАЌАЊЕ НАЗАД – ВМРО-ДПМНЕ ги најави градоначалничките кандидати

Овојпат, гласот на граѓаните не е само избор - тој е сигнал за промена. Промена што мора да се случи сега: безусловно и неповратно.

ПРОМЕНА БЕЗ ВРАЌАЊЕ НАЗАД – ВМРО-ДПМНЕ ги најави градоначалничките кандидати
Фото: Национал

Македонија започнува нов изборен циклус за локалната власт. ВМРО-ДПМНЕ настапува со тим од чесни, некомпромитирани и работливи кадри – она што ѝ недостасуваше на државата и на општините со децении.

„Ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и конкретна програма за развој на секоја општина. Во изминатиот период покажавме дека можеме да правиме разлика – и тоа во најтешки услови, по децениско запоставување и ерозија на институциите.“

Овојпат, гласот на граѓаните не е само избор – тој е сигнал за промена. Промена што мора да се случи сега: безусловно и неповратно.

Ова не е само политичка борба – ова е борба за човекот. Граѓанинот е во срцето на секоја одлука, на секој проект. Секојдневната работа, секој чекор, секоја мала победа е доказ дека вреди да се бориме.

Народот сака градоначалник што ќе биде тука кога ќе има потреба, човек што ќе го разбере и ќе му помогне. Затоа, нашите кандидати се внимателно избрани – луѓе од народот, подготвени да бидат поддршка, сервис и чувари на интересите на граѓаните.

Во изминатите четири години, градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека чесното, одговорно и продуктивно управување е возможно.

На денешната седница на Извршниот комитет, одлучено е да се кандидираат следните личности:

-Гази Баба: Бобан Стефковски (актуелен градоначалник)

-Карпош: Сотир Лукровски (менаџер од приватниот сектор)

-Лозово: Бошко Цветковски (актуелен градоначалник)

-Пехчево: Александар Китански (актуелен градоначалник)

-Ресен: Јован Тозиевски (актуелен градоначалник)

-Зрновци: Борчо Коцев (актуелен градоначалник)

Сите тие се докажани лидери со успешна работа зад себе.

За Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го предлага Орце Ѓорѓиевски – човек кој веќе докажа што значи работа и посветеност како градоначалник на Кисела Вода.

Според анкетите, тој е убедливо пред сите конкуренти од СДСМ – дури пет пати води во поддршката. Работи постојано на терен, достапен е за граѓаните, решава проблеми и внесува нова енергија каква што Скопје одамна ја нема видено. Ќе се фокусира на решавање на клучните проблеми: јавниот превоз, хигиената и урбаниот хаос.

„Орце не само што ќе победи – тој секој ден ќе победува за Скопје и скопјани,“ изјави Мицкоски. „Овојпат нема простор за грешки – ги научивме лекциите.“

ВМРО-ДПМНЕ влегува во овој изборен циклус како фаворит – но тоа значи уште поголема одговорност.

Ќе градиме општини, ќе решаваме реални проблеми, ќе поставуваме темели за иднината. Ќе покажеме што значи домаќинско работење и вистински напредок.“

Македонија мора да остане на вистинскиот пат – патот на ред, правда, инвестиции и одговорност. Не смее да има враќање назад во годините на хаос и разнебитени институции.

„Сме тргнале по патот на обнова – и нема отстапување. Ќе продолжиме со уште поголема сила, со јасна визија за Македонија каква што ја заслужуваме.“

CATEGORIES
TAGS
Share This