ПРОФЕСОРОТ БАЧЕВ Меѓународно правните аспекти на патувањето на Путин во Будимпешта и можното апсење од МКС
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, веќе изјави дека, доколку Путин помине низ Полска, ќе биде уапсен.

Професорот Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук понуди интересно видување од аспект на меѓународното право во врска со патувањето на Путин во Будимпешта на средба со Трамп и издадената наредба за апсење од Меѓународниот кривичен суд.
„Меѓународно-правно гледано, ситуацијата е интересна: За да стигне Путин до Будимпешта на средбата со Трамп мора да ја заобиколи Украина и тој мора да помине низ барем една земја-членка на ЕУ.
Сите земји членки на ЕУ се потписници на Римскиот статут, основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд (МКС). МКС веќе издаде налог за апсење на Путин заради обвиненија за воени злосторства, што значи дека секоја држава преку која Путин ќе влезе во Унгарија би била обврзана да го уапси и предаде на судот во Хаг.
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, веќе изјави дека, доколку Путин помине низ Полска, ќе биде уапсен. Од друга страна, Унгарија, исто потписник на Римскиот статут, соопшти дека Путин може да влезе во земјата за средбата со Трамп и да се врати во Русија.
Што се однесува до Македонија – и ние сме потписници на Римскиот статут. Според тоа, и нашиот министер за надворешни работи, Тимче, може како и неговиот полски колега да го предупреди Путин доколку реши да помине преку македонскиот воздушен простор, ќе биде уапсен!“ – напиша Бачев на фејсбук.


