ПРОЕКТОТ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА – Владата бара најдобро решение

Владата ќе процени дали проектот ќе се реализира со странски инвеститори или целосно ќе биде државен

ПРОЕКТОТ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА – Владата бара најдобро решение
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, на денешната прес-конференција во Министерството за енергетика и рударство, претстави амбициозен Годишен план за изградба на енергетски објекти на Владата и соопшти дека во наредните еден-два месеци ќе се одлучи дали проектот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште ќе се реализира со странски инвеститори или целосно како државна инвестиција.

„Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе ги разгледаме буџетот и капиталните инвестиции, ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во наредните пет години и тоа не е малку, особено со оглед на други приоритети како здравството и транспортот. Во наредните еден-два месеци ќе имаме повеќе информации“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека веќе има заинтересирани компании, меѓу кои една јапонска и една француска, и потенцираше дека Владата треба внимателно да процени кое решение е најдоброто за државата. Според министерката, проектот Чебрен и Галиште останува „најкапиталниот проект во државава“.

CATEGORIES
TAGS
Share This