ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“ – Поранешниот директор Никола Васев повторно пред суд

Покрај Васев, обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, додека четвртата обвинета, Мери Пешевска, ја призна вината и доби условна казна од две години затвор.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“ – Поранешниот директор Никола Васев повторно пред суд

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти.

На минатото рочиште, одбраната побара предметот да го преземе државниот јавен обвинител, поради што расправата беше одложена. Судењето го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува Ана Гоговска Јакимовска.

Обвинетите се товарат дека кај 29 пациенти примениле неприкладни терапии, додека една обвинета, Мери Пешевска, призна вина и доби условна казна.

Покрај овој процес, Васев и поранешниот економски директор се соочуваат со уште едно обвинение за проневера од над 2,2 милијарди денари.

CATEGORIES
Share This