ПРИВЕДЕН ВИНИЧАНЕЦ – Осомничен за обид за убиство со нож по расправија пред кафе-бар

Според полицијата, по вербална расправија, осомничениот со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што побегнал.

ПРИВЕДЕН ВИНИЧАНЕЦ – Осомничен за обид за убиство со нож по расправија пред кафе-бар

Полициски службеници од СВР Штип – ОВР Виница синоќа во Кочани го привеле Н.В. (32) од Виница, осомничен за обид за убиство извршен на 7 август пред угостителски објект во Виница. Според полицијата, по вербална расправија, осомничениот со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што побегнал.

За случајот е известено надлежното обвинителство, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

CATEGORIES
Share This