ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН Македонскиот кандидат за Оскар вечерва на сцена

Документарецот што освојува фестивали и го плени National Geographic

ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН Македонскиот кандидат за Оскар вечерва на сцена
Фото: Архива

Вечерва во Македонскиот народен театар се одржува македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска, македонски кандидат за Оскар.

На премиерата присуствува целата филмска екипа која го создаде еден од најзначајните документарни филмови во македонската кинематографија. Успесите на филмот на меѓународните фестивали и неговото откупување од National Geographic се доказ за квалитетот и значењето на овој проект. Досега, филмот е награден и номиниран на престижни фестивали како Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и други.

„Приказната за Силјан“ раскажува за издржливоста, грижата и малите дела кои можат да ја променат судбината. Земјоделецот Никола случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Со текот на времето, нивниот кревок однос, граден на доверба, се претвора во спасоносна врска која му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и љубовта кон природата.

CATEGORIES
Share This