ПРИФАТЕНА ЖАЛБАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Притвор за напаѓачот на Арсовска

Од судот информираат дека по разгледување на случајот, утврдени се околности што укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1, точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка

ПРИФАТЕНА ЖАЛБАТА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Притвор за напаѓачот на Арсовска
Фото: Национал

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство и ја замени мерката куќен притвор со ефективен притвор за првоосомничениот С.Љ., кој се товари за напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Од судот информираат дека по разгледување на случајот, утврдени се околности што укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1, точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка. Осомничениот е веќе спроведен во Затворот Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, на улицата „Севастополска“ во скопската општина Чаир, каде Арсовска заедно со градски службеници вршела увид на нелегален објект во изградба. Според обвинението, С.Љ., кој се претставил како сопственик на објектот, упатил навреди и закани кон Арсовска, по што физички ја нападнал. Второосомничено лице продолжило со вербални закани и по интервенцијата на службените лица и полицијата.

Обвинителството води постапка против двете лица за кривично дело „Насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За второосомничениот се изречени мерки на претпазливост, меѓу кои: забрана за приближување до оштетените, забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа и обврска за редовно јавување во суд.

CATEGORIES
Share This