ПРИЈАВИЛЕ ГРАБЕЖ СО ПИШТОЛ Полицијата открила дека сè било измислено

ПРИЈАВИЛЕ ГРАБЕЖ СО ПИШТОЛ Полицијата открила дека сè било измислено

Две вработени во спортска обложувалница во Струга, на возраст од 43 и 48 години, ќе одговараат кривично откако било утврдено дека лажно пријавиле разбојништво.

Според информациите од истрагата, на 30 декември 2025 година, двете жени пријавиле во полиција дека во објектот влегло непознато машко лице вооружено со пиштол и под закана ги принудило да му го предадат дневниот промет, по што наводниот сторител избегал.

По спроведените проверки и прибирањето докази, полицијата утврдила дека пријавата е лажна и дека разбојништвото никогаш не се случило. Според надлежните, двете вработени по претходен меѓусебен договор го измислиле настанот со цел да прибават противправна имотна корист.

Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“, согласно Кривичниот законик.

CATEGORIES
Share This