ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ПУШТЕН ОД БОЛНИЦА – Се враќа на функцијата

Од неговиот Кабинет претходно информираа дека Гаши по двата дена поминати на Клиниката за дигестивна хирургија е пуштен на домашно лекување.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ПУШТЕН ОД БОЛНИЦА – Се враќа на функцијата
Фото: Собрание на РМ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со објава на Фејсбук ја извести јавноста дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека се враќа на своите работни обврски.

„По неколкудневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро. По сите извршени прегледи, отпуштен сум од болница. Му благодарам на Бога што моето здравје е стабилизирано“, напиша Гаши.

Тој изрази искрена благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до медицинскиот тим, сестрите и целиот персонал за нивната стручност, посветеност и човечност.

„Исто така, од срце ви благодарам на сите – пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, пораките и грижата. Вашата поддршка ми беше дополнителна сила во процесот на закрепнување“, порача Гаши.

Тој нагласи дека со полна свест за одговорностите што ги носи, се враќа на своите јавни должности, охрабрен од љубовта и поддршката што ја добил.

Од неговиот Кабинет претходно информираа дека Гаши по двата дена поминати на Клиниката за дигестивна хирургија е пуштен на домашно лекување.

CATEGORIES
Share This