Претседателот на Барселона поднесе оставка – Започнува кампања за нов мандат

Лапорта, претходен претседател од 2003 до 2010, останува фаворит и за нов мандат

Претседателот на Барселона поднесе оставка – Започнува кампања за нов мандат
Фото: Принтскрин

Актуелниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, денеска официјално поднесува оставка од функцијата, чекор неопходен за да ја започне кампањата за претстојните претседателски избори во клубот, закажани за 15 март.

Месецов истекува неговиот четиригодишен мандат, време исполнето со турбуленции и големи пресврти за каталонскиот клуб. Периодот се одликуваше со заминувањето на клубската икона Лионел Меси, почетокот на реновирањето на „Камп Ноу“, сериозна финансиска криза, но и со спортско закрепнување кое кулминираше со освојување на тројната круна во Шпанија минатата сезона.

И покрај тешката економска состојба, Барселона под раководство на Лапорта забележа значајни успеси: две титули во Ла Лига, два трофеи во Копа дел Реј и три Суперкупа.

Лапорта веќе не е нов на чело на Барселона и тој претходно ја водеше клубската управа од 2003 до 2010 година, период кој се смета за еден од најуспешните во историјата на клубот. Според најавите, тој е главен фаворит и на претстојните избори, со големи шанси повторно да ја предводи Барселона.

CATEGORIES
Share This