ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО ВРЕМЕ ЗА 1 МАЈ Можност за попладневен дожд и грмежи
Викендот носи стабилно, сончево и топло време, додека од почетокот на наредната седмица се очекува нов бран на врнежи од дожд и нестабилност со грмежи.

Граѓаните може да очекуваат претежно сончево и релативно топло време за празникот на трудот – 1 Мај, информира УХРМ. Сепак, во попладневните часови се создаваат услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ваквото време ќе продолжи и утре, со мала до умерена облачност, а во четврток попладне и во петок повторно се најавуваат локални врнежи и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.
Викендот носи стабилно, сончево и топло време, додека од почетокот на наредната седмица се очекува нов бран на врнежи од дожд и нестабилност со грмежи.
CATEGORIES Македонија


