ПРЕМИЕРОТ УВЕРУВА – Победникот на изборите е јасен, тоа е владиното мнозинство

Тој потсети дека Владата функционира стабилно веќе 14 месеци и, како што рече, за разлика од минатото, денес корупцијата и криминалот не се пракса.

ПРЕМИЕРОТ УВЕРУВА – Победникот на изборите е јасен, тоа е владиното мнозинство
Фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настанот по повод запчнувањето со работа на новата хала на компанијата Амфенол со 200 нови работни места, се осврна и на локалните избори најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници во општините каде што се вршеа дополнителни мерења и анализи.

„Победникот на овие локални избори е јасен, тоа е владиното мнозинство“ – рече Мицкоски, нагласувајќи дека Владата останува фокусирана на стабилност, реформи и чесна работа.

Во однос на независните кандидатури, премиерот истакна дека Владата направила сè за да обезбеди фер услови:

„Порано забележуваа дека треба многу потписи, сега велат дека се малку. Ова е последица на одлуката на Уставниот суд кој поништи два члена, а измените во Изборниот законик не беа изгласани. Владата навистина нема простор за дополнителни интервенции“ – рече тој.

Запрашан за „бадентер“ мнозинство во Собранието, Мицкоски порача дека ДУИ по 20 години конечно е во опозиција и се обидува преку притисоци да се врати во Владата.

Победникот е јасен – тоа е владиното мнозинство. Ќе продолжиме со реформите и испорака на резултати за граѓаните нагласи премиерот.

Тој потсети дека Владата функционира стабилно веќе 14 месеци и, како што рече, за разлика од минатото, денес корупцијата и криминалот не се пракса.

CATEGORIES
TAGS
Share This