ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ИЛИНДЕН – Македонија дом за сите
Во чест на Илинден, Мицкоски упати порака од Скопје со силен повик за единство и напредок

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерката за образование Весна Јаневска, денеска положи цвеќе на неколку значајни споменици во Скопје.
Беше положено цвеќе на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, на плоштадот „Македонија“.
Во чест на Илинден, Мицкоски упати порака од Скопје со силен повик за единство и напредок:
„Нека не потсетува Илинден на жртвите што ги направија нашите претци за ние денес да живееме во слободна и независна држава – Македонија. Нивната жртва е обврска за сите нас, да изградиме држава која ќе биде дом за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност. Држава што ќе нуди среќа, стабилност и просперитет. Овој ден нека биде симбол на обединување, а Свети Илија нека ни биде во помош“, порача премиерот.


