ПРЕКИНИ НА ВОДА И СТРУЈА Денеска во делови од Ѓорче Петров и Центар

Жителите на одредени улици во Ѓорче Петров ќе останат без вода од 08:00 часот, додека во Центар се најавени прекини на електричната енергија во текот на денот.

ПРЕКИНИ НА ВОДА И СТРУЈА Денеска во делови од Ѓорче Петров и Центар
Фото: Принтскрин

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска без водоснабдување ќе останат дел од корисниците во Ѓорче Петров.

Прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-300 милиметри на улицата „1409“ број 9. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работите.

Во меѓувреме, од ЕВН Македонија АД известуваат дека се планирани прекини на електричната енергија во делови од Центар.

Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „9-ти Мај“, „Рузвелтова“, „Христо Смирненски“ и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Дополнително, од 09:00 до 09:20 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Васил Главинов“ во Општина Центар.

CATEGORIES
Share This