ПРЕКИН ВО СТРУЈАТА ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Без електрична енергија делови од Илинден и Центар

Денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Илинден и Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија АД.
Во општина Илинден, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците 8 и 8а.
Во општина Центар, од 08:30 до 12:30 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат хотелот „Буши“ и делови од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, „Прохор Пчински“ и „Алберт Станиќ“.
Прекините се поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
CATEGORIES Македонија
