ПРЕКИН НА СНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ Дел од Водно денеска без вода

Дел од жителите на скопската населба Водно денес ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе започне во 9:00 часот и ќе ги опфати корисниците на улиците „Охридска“ и „Петричка“.
Дефектот е лоциран на улицата „Охридска“ број 50, а водоснабдувањето ќе биде прекинато сè додека екипите на јавното претпријатие не ја завршат санацијата.
Граѓаните се повикуваат да обезбедат потребни резерви на вода за овој временски период.
CATEGORIES Македонија


