ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО – УЕФА бара милијарди од ФИФА

Конгресот на ФИФА во мај ќе одлучува за исплатата на наградите и покривањето на трошоците на тимовите.

ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО – УЕФА бара милијарди од ФИФА
Фото: Принтскрин

УЕФА побара од ФИФА зголемување на наградниот фонд и поголема финансиска поддршка за трошоците на националните тимови за Светското првенство ова лето, кое се очекува да донесе приходи од над 11 милијарди долари, објави „Атлетик“.

Неколку европски асоцијации ја замолија УЕФА да лобира кај ФИФА во нивно име. Иако ФИФА се обврза да ги реинвестира приходите во глобалниот фудбал, тимовите не знаат колкав ќе биде нивниот удел. Некои се загрижени дека трошоците за настап во Северна Америка може да го надминат заработеното или да донесат малку профит.

Светското првенство, кое ќе се одржува во САД, Мексико и Канада, започнува на 11 јуни со два натпревари во Мексико Сити, а следниот ден ќе се играат натпревари во Торонто и Лос Анџелес. Финалето со 48 екипи е закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Според извештајот, прашањето за исплата ќе се разгледува на Конгресот на ФИФА во Ванкувер кон крајот на мај. Секој тим ќе добие 1,5 милиони долари за подготовка, како и средства за храна, патување и сместување за делегација од околу 50 луѓе.

CATEGORIES
Share This