ПРЕД КЛУЧНИОТ ДУЕЛ ЗА СП – Македонија на гости кај Австрија
Пријателскиот меч против Австрија е последна проверка пред баражот за СП

Македонската ракометна репрезентација ја започнува подготовката за пријателскиот натпревар против Австрија, кој ќе се игра на гости на 21 март. Овој дуел е последна проверка пред баражот за пласман на Светското првенство. Македонија ќе го чека победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.
По квалитетниот настап на Европското првенство, ќе имаме можност малку порелаксирано да работиме, да ја надградиме базата што ја имаме и да пробаме некои нови играчи кои би можеле да придонесат во иднина. Играме против силен и сериозен противник. Резултатот секако е важен и сакаме да победиме, но во овој натпревар тоа нема да ни биде приоритет. Главната цел е да видиме што можеме да искористиме за баражот во мај и да се подготвиме на најдобар можен начин.
Секогаш е важно да се пробаат нови играчи за да се види дали можат да дадат придонес на големи натпреварувања против силни тимови и да се оцени моменталната форма на тимот. Сигурен сум дека ќе одиграме добар натпревар на гости, особено затоа што првиот бараж исто така ќе ни биде на гостински терен“, изјави Лазаров на денешниот собир.


