ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАН ОВСКА – Ахмети се нудеше да влезе во Владата, но ние го одбивме

Стојаноска тврди дека Ахмети нудел влез во Владата без да бара и претседателско место во Собранието

ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАН ОВСКА – Ахмети се нудеше да влезе во Владата, но ние го одбивме
Фото: Национал

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кои тој тврди дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, договорил предвремени парламентарни избори.

Според Стојаноска, вистината е дека Ахмети се обидувал да издејствува влез на ДУИ во новоформираната Влада во 2024 година, но таа понуда била јасно и принципиелно одбиена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ахмети зборува за наводен договор за избори, но не ја споменува средбата во мојата канцеларија, на која нудеше влез во Владата без претседателско место во Собранието и со едно министерско место помалку од тоа што го бараше ВЛЕН, само за да биде дел од оваа влада. Ние останавме доследни на пораката од народот дека ДУИ мора да замине во опозиција“, напиша Стојаноска на својот Фејсбук профил.

Таа порача дека пред да изнесува, како што вели, невистини, Ахмети треба внимателно да размисли, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи јавно да ги соопштува, според неа, фактите.

Во завршницата на објавата, Стојаноска отвора дилема дали изјавите на лидерот на ДУИ се обид да се спречи, како што наведува, ерозијата во членството и падот на поддршката кај симпатизерите на партијата.

CATEGORIES
Share This