ПОЗНАТИ СИТЕ ПОЛУФИНАЛИСТИ НА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО Реал Мадрид против ПСЖ – Флуминенсе против Челзи
Обата натпревари се закажани за 21:00 часот по локално време - Челзи и Флуминенсе ќе играат во вторник, а Реал и ПСЖ во среда.

Реал Мадрид е последниот патник во полуфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во САД, откако синоќа во драматичен натпревар во Њу Џерси ја совлада Борусија Дортмунд со 3-2.
Шпанскиот гигант поведе преку Гонзало Гарсија во 10. минута, а предноста ја зголеми Фран Гарсија во 20. Со гол на Килијан Мбапе во 94. минута изгледаше дека победата е осигурана, но Борусија возврати со два брзи гола – прво преку Беер во 93. минута, а потоа и преку Гираси од пенал во 98. минута – недоволни за израмнување.
Во полуфиналето, Реал ќе се соочи со европскиот првак Пари Сен Жермен, кој во четвртфиналето го елиминира Баерн Минхен со победа од 2-0. Стрелци за ПСЖ беа Дуе и Дембеле.
Другото полуфинале ќе се игра ден претходно, кога Флуминенсе ќе се соочи со Челзи. Обата натпревари се закажани за 21:00 часот по локално време – Челзи и Флуминенсе ќе играат во вторник, а Реал и ПСЖ во среда.


