ПОТРЕСНО ВИДЕО ОД ВИЛИЈАМ ГАЈДА ПО ЧЕТВРТАТА ЖРТВА ЗА 27 АПРИЛ – Дали судството сака да не убие сите?

Системот нè убива еден по еден“, вели Гајда во потресната видео порака

ПОТРЕСНО ВИДЕО ОД ВИЛИЈАМ ГАЈДА ПО ЧЕТВРТАТА ЖРТВА ЗА 27 АПРИЛ – Дали судството сака да не убие сите?
Фото: Принтскрин

Вилијам Михајловски Гајда, кој издржува затворска казна од 13 години за 27 април, на социјалната мрежа фејсбук објави потресна видео порака по повод смртта на четвртата жртва меѓу осудените за тој случај.

„Пред една недела, за жал, не напушти и нашиот брат Кире Георгиевски. Тој е четвртата жртва на системот, четврта жртва од 27 април,“ напиша Гајда.

и додава:

„Првата жртва беше Шиљо, кој индиректно загина во сообраќајна несреќа. Втората е Стојан Кобра, кого го претепаа до смрт – човекот беше два и пол месеци во кома и почина, а кој го претепа, сè уште не се знае, нема никаква постапка за тоа. Третата жртва е Игор Југ, а четвртата – Кире Георгиевски,“ наведува тој.

„Слава им на сите, нека им е лесна земјата,“

додава Михајловски Гајда, прашувајќи се дали судството во Македонија „навистина сака да нè убие сите“.

„Помина речиси еден месец откако го поднесов барањето за повторно судење, но сè уште нема никаков одговор. Дали судиите чекаат да умре уште некој, па да се ослободат од нас?“ – завршува неговата порака.

CATEGORIES
TAGS
Share This