ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА ОДБРАНА – Мадуро е единствениот легитимен претседател

Потпретседателката Родригез ја осуди „агресијата“ на САД и го потврди легитимитетот на Мадуро

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА ОДБРАНА – Мадуро е единствениот легитимен претседател
Фото: Принтскрин

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека земјата „нема да биде ничија колонија“. Таа истакна дека „единствениот легитимен претседател на Венецуела е Николас Мадуро“ и обвини дека САД извршиле „чин на агресија“ против Венецуела под „измислени изговори“.

По нападот од страна на САД, Родригез свика Совет за одбрана на земјата.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Њујорк пост“ дека американската војска нема да биде распоредена во Венецуела доколку потпретседателката Делси Родригез ја следи својата политика. Трамп додаде дека САД „разговарале со неа многу пати“ и дека таа „ја разбира“ ситуацијата.

Потсетуваме, Национал пишуваше за можните наследници на Мадуро меѓу кои е и Делси Родригез.

CATEGORIES
TAGS
Share This