ПОСТАВЕН ОЏАКОТ ЗА ИЗБОР НА НОВ ПАПА Бел чад ќе го најави наследникот на папата Франњо
Додека некои избори се завршиле за само неколку часа, други траеле и со години.

Пожарникарите во Ватикан денес поставија оџак на покривот на Систинската капела, симболичен чекор што го означува почетокот на процесот за избор на нов поглавар на Католичката црква. Од оџакот ќе излегува бел чад во моментот кога кардиналите ќе го изберат наследникот на папата Франциск. Според очекувањата, изборот овој пат нема да трае долго.
Подготовките за конклавата се веќе во тек, а историјата покажува дека времетраењето на овие избори знаело драстично да варира. Додека некои избори се завршиле за само неколку часа, други траеле и со години. Најдолгиот конклав се случил во 13 век, кога биле потребни дури 1.006 дена за да се избере наследник на папата Климент IV.
И токму од тој историски настан, што се случил во Витербо, северно од Рим, произлегол и терминот „конклава“ – што значи „под клуч“. Откако кардиналите премногу долго одолговлекувале со одлуката, локалните жители одлучиле да ги заклучат во соба сè додека не изберат нов папа.


