ПОСЛЕДНИ ИЗБОРИ СО ТЕХНИЧКА ВЛАДА – СДСМ противи укинувањето
Измените на Законот за Владата нема да важат за следните, туку за идните парламентарни избори

Најдоцна до крајот на идната недела, а можно и уште утре, во Собранието се очекува да биде доставен предлогот за измени на Законот за Владата со кој се предвидува укинување на техничката влада, но дури по следните парламентарни избори.
Да потсетиме дека веќе се одржани средби со координаторите на пратеничките групи и дека по драфт-верзијата ќе следат дополнителни консултации. Премиерот Мицкоски потврди дека процедурата е започната, при што техничката влада ќе остане во сила за претстојните избори.
Од СДСМ повторуваат дека Македонија не е зрела за укинување на техничката влада и најавуваат користење на сите демократски механизми. Од ДУИ велат дека за ваков чекор се потребни консултации со меѓународните партнери.
Техничката влада беше договорена во Пржино и важи три месеци пред избори со учество на опозицијата.

