ПОСЛЕДЕН ДЕН НА ЕП – Триумфот за Данска би бил историски

Данска и Германија го играат големото финале додека Хрватска и Исланд ќе се борат за бронзениот пехар

ПОСЛЕДЕН ДЕН НА ЕП – Триумфот за Данска би бил историски

Денешниот (01.02) последен ден од Европското првенство во ракомет ќе понуди два возбудливи дуели. Во големото финале ќе се сретнат Данска и Германија. Двете репрезентации досега имаат по две европски титули, но со нетрпение го чекаат третиот златен медал.

Данска беше европски шампион во 2008 и 2012 година, додека Германија ги освои титулите во 2004 и 2016 година. За ко-домаќинот Данска, победата би имала посебно значење и на тој начин ќе станат светски, олимписки и европски шампиони истовремено, што досега успеало само на француските ракометари.

Данска досега освои вкупно осум медали на европските првенства: две златни, две сребрени и четири бронзени. Германија, пак, има четири медали: едно сребро и една бронза.

Во натпреварот за бронза ќе се сретнат Хрватска и Исланд. Хрватска има вкупно шест медали на европските првенства (три сребра и три бронзи), додека Исланд досега има само една бронза.

Најуспешна нација во историјата на Европските првенства е Шведска со пет златни медали и вкупно седум медали, следена од Франција со четири титули и вкупно шест медали, додека Шпанија има освоено девет медали – два златни, пет сребрени и две бронзени.

Сите четири репрезентации веќе еднаш се сретнаа на ова првенство во групната фаза на главната фаза. Во Хернинг, Данска ја победи Германија со 31:26, а во Малме, Хрватска го совлада Исланд со тесни 30:29.

Натпреварот за бронза меѓу Хрватска и Исланд започнува во 15:15 часот, додека финалето Данска – Германија е закажано за 18:00 часот.

CATEGORIES
Share This