ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО НАПАД ЗА ТРАМП – Тој дејсвува како руски агент

Овие тврдења доаѓаат во време на зголемени тензиции помеѓу Западот и Русија, особено во контекст на воените дејствија во Украина

ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СО НАПАД ЗА ТРАМП – Тој дејсвува како руски агент
Фото: Принтскрин

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза изрази сериозни сомневања за политиката на американскиот лидер Доналд Трамп, тврдејќи дека тој дејствува како “агент на Русија”. Според него, Трамп ја фаворизира Москва во контекст на војната против Украина.

Во рамките на летниот универзитет на Социјалдемократската партија, Соуза го опиша Трамп како пример за нов стил на политичко лидерство, кој е “емотивен и насочен кон директен контакт со граѓаните”. Сепак, тој истакна дека Трамп не делува како сојузник на Запад, туку како некој кој стратегиски ја промовира Русија.

“Лидерот на водечката суперсила, објективно, е советски или руски агент. Тој дејствува како таков”, изјави Соуза, нагласувајќи дека Трампова администрација не создава сојузи базирани на пријателство или економска соработка, туку дејствува како арбитар во конфликтот, исклучувајќи ја Украина и Европа од преговорите.

Овие тврдења доаѓаат во време на зголемени тензиции помеѓу Западот и Русија, особено во контекст на воените дејствија во Украина. Португалскиот претседател ја истакна потребата за внимателно следење на политичките потези на САД, кои можат да имаат значителни последици за глобалната безбедност.

CATEGORIES
TAGS
Share This