ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД БУТЕЛ БЕЗ ВОДА Прекини и низ Автокоманда, Ченто, Хиподром и Сингелиќ

ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД БУТЕЛ БЕЗ ВОДА Прекини и низ Автокоманда, Ченто, Хиподром и Сингелиќ

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека денес, 30 ноември 2025 година, голем број скопски домаќинства ќе останат без вода поради два поголеми технички дефекти на мрежата.

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 милиметри на улица Бутелска бб, кај сервис „Топал“, водоснабдувањето ќе биде во прекин за значителен дел од населбата Бутел. Без вода ќе останат корисниците на улиците Бутелска, Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Калински, како и краковите Бутелска од 1 до 35 и од 2 до 14. Прекинот ќе започне во 11:00 часот и ќе трае сѐ до целосно санирање на дефектот.

Дополнително, поради технички зафати на булеварот Александар Македонски бб, од раните утрински часови ќе има прекин или значително намален притисок и во неколку други населби. Од 05:00 часот без вода, со прекин или со намален притисок, ќе бидат корисниците долж булеварите Александар Македонски и Киро Глигоров, дел од ул. 808, како и жителите на Автокоманда, Триангла, Хиподром и околината на ул. Перо Наков кај Кванташки пазар. Целосен прекин на водоснабдувањето ќе има во населбата Маџари, М.А. Ченто, како и на ул. Палмиро Тољати и во с. Сингелиќ.

Од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навреме да се подготват и да обезбедат доволни резерви на вода додека траат работните активности.

CATEGORIES
Share This