ПОЕФТИНО ДО ПРВ СТАН – Народната банка го намали учеството на 10%

Се очекува банките, по примерот на други земји, на клиентите кои првпат купуваат стан за живеење да им понудат пониски каматни стапки, за 0,5 до 0,75 процентни поени, што би донело заштеди од илјадници евра.

ПОЕФТИНО ДО ПРВ СТАН – Народната банка го намали учеството на 10%

Народната банка донесе нови мерки за станбените кредити со цел да го олесни купувањето на прв стан или куќа, а истовремено да ги заостри условите за оние што купуваат повеќе недвижности.

Од 1 декември, учеството за кредит при купување на прв стан или изградба на куќа ќе изнесува 10% од вредноста, наместо досегашните 15%. Тоа значи дека за кредит од 100.000 евра, наместо 15.000 евра, граѓаните ќе треба да обезбедат 10.000 евра, а останатите 90.000 ќе ги покрие банката.

За купување втор, трет или повеќе станови учеството се зголемува на 25%, односно за истиот пример ќе треба да се издвојат 25.000 евра.

Кредитобарателите ќе мора да поднесат нотарски заверена изјава со која гарантираат дека кредитот е за прв стан или куќа во која ќе живеат. Ако се утврди дека се дадени неточни податоци, банката веднаш ќе може да ги промени условите и да го стави клиентот во понеповолна категорија.

Банките ќе проверуваат дали кредитобарателот или брачниот/вонбрачниот другар имаат друг станбен кредит, дали ќе се живее во објектот кој се купува или гради и дали истиот објект е обезбедување за кредитот.

Максималната рата за кредит за стан во кој нема да се живее ќе може да изнесува најмногу 50% од месечните приходи (наместо досегашни 55%). Пример: при приходи од 30.000 денари, максималната рата би била 15.000 денари, додека за прв стан таа би изнесувала 16.500 денари.

Се очекува банките, по примерот на други земји, на клиентите кои првпат купуваат стан за живеење да им понудат пониски каматни стапки, за 0,5 до 0,75 процентни поени, што би донело заштеди од илјадници евра.

„Банките нема да можат да прогледуваат низ прсти, ова ќе биде под строга супервизија на Народната банка“, истакна гувернерот Трајко Славески.

CATEGORIES
TAGS
Share This