ПОДОЉАК ПРЕДУПРЕДУВА Путин сака да го измами Трамп на Алјаска

Тој нагласи дека без директна трилатерална средба меѓу Трамп, Зеленски и Путин, нема да се постигне договор за завршување на војната. Според него, Путин не е подготвен за вистински преговори, туку сака да ја измами американската администрација и да го продолжи конфликтот заради задржување на влијанието на Русија.

ПОДОЉАК ПРЕДУПРЕДУВА Путин сака да го измами Трамп на Алјаска
Фото: Принтскрин

Планираниот состанок во Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, без учество на Украина, е „стапица“ и нема да донесе мир, изјави советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

Тој нагласи дека без директна трилатерална средба меѓу Трамп, Зеленски и Путин, нема да се постигне договор за завршување на војната. Според него, Путин не е подготвен за вистински преговори, туку сака да ја измами американската администрација и да го продолжи конфликтот заради задржување на влијанието на Русија.

Подољак истакна дека Москва нема да прифати делумни територијални договори, а секоја отстапка без воен пораз на Русија би значела продолжување на нејзината експанзија. Украина, вели тој, е подготвена да разгледа воздушен прекин на огнот како почетна фаза на преговорите, но Русија ги одбила сите такви предлози.

„Без економски санкции и воен пораз, ништо нема да се промени. Единствениот начин за крај на војната е заедничкиот притисок на САД, Европа и Украина“, порача Подољак.

CATEGORIES
TAGS
Share This