ПОДНОВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ – 150 нови електрични автобуси за Скопје и општините
Кредитот со Унгарија е со 15-годишен рок на отплата и каматна стапка од 3,25%, со тригодишен грејс период.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави обезбедување средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и другите општини.
Изјавата ја даде по повод објавувањето на програмските приоритети за 2026 година од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Средствата ќе се обезбедат преку кредит со рок на отплата од 15 години и каматна стапка од 3,25 проценти, во рамки на меѓувладин договор со Унгарија.
Премиерот нагласи дека условите на кредитот се исти како претходно, со тригодишен грејс период и дополнителни 12 години за отплата, што значи вкупно 15 години задолжување на државата, како дел од стратешкото партнерство со унгарската влада.

