ПОЧНУВААТ 64. СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – доаѓаат 70 поети од повеќе земји

Фокус на годинашната манифестација е глаголицата – првата словенска азбука, симболична врска со корените на писменоста и поезијата.

ПОЧНУВААТ 64. СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – доаѓаат 70 поети од повеќе земји

Од 21 до 25 август ќе се одржи 64. издание на Струшките вечери на поезијата (СВП), на кое ќе учествуваат седумдесет поети од Македонија и странство, како и критичари, преведувачи и литературни работници.

Лауреат на Златниот венец е словачкиот поет Иван Штрпка, а добитник на наградата „Мостови на Струга“ е полскиот поет Матеуш Шимчик. Поети ќе пристигнат и од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Литванија и земјите од соседството.

Фокус на годинашната манифестација е глаголицата – првата словенска азбука, симболична врска со корените на писменоста и поезијата. Во програмата се враќаат традиционалните читања кај споменикот на Свети Климент во Охрид, поетското патување со брод до Свети Наум и матине во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“.

На фестивалот ќе биде промовирана и ретката антологија „Дионис и Свети Трифун“ – панорама на македонската винска поезија.

Покровителка е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а манифестацијата се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.

CATEGORIES
Share This