ПОЧИНА АКТЕРОТ КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ – КИЛИ Живееше со семеството во Еквадор од 2014 година
Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година.

Роден е на 30 јули 1967 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Од 1993 г. до 2014 г. работеше во Македонски народен театар – Скопје.
Кирил Поп Христов се прослави со улогите во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“, „Збогум на дваесетиот век“, а глумеше и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“.
CATEGORIES Сцена


