ПОБЕДА НА СТАРТОТ – Македонија ја совлада Бахреин на „Јелоу куп“
Македонците водеа од првиот момент и на полувреме имаа 15:13 предност

Фото: Принтскрин
Македонските ракометари го започнаа „Јелоу куп“ со победа, совладувајќи го Бахреин со 32:28 (15:13). Утре, во рамки на второто коло, Македонија ќе игра против Украина, а почетокот е закажан за 17:45.
Под водство на селекторот Кирил Лазаров, македонскиот тим во првиот дел постојано беше во водство, а на полувреме резултатот беше 15:13. На почетокот на второто полувреме Бахреин успеа да поведе со 20:19, но тоа само ја разбуди македонската репрезентација, која наскоро стигна до предност од пет гола (29:24).
Лазаров на овој натпревар им даде шанса на сите ракометари од составот.
Во првиот натпревар од турнирот, домаќинот Швајцарија ја победи Украина со убедливи 38:27.
CATEGORIES Ракомет


